Новак Ѓоковиќ потврди дека наредната година ќе настапи на АТП турнирот од серијата 250 во Аделаида.
Ѓоковиќ новата сезона ќе ја започне на АТП купот. Овој турнир ќе започне на 3 јануари, а Ѓоковиќ ќе ја претставува Србија заедно со Душан Лајовиќ.
По завршувањето на АТП купот ќе стартува турнирот во Аделаида на кој Ѓоковиќ има победено пред 13 години.
Инаку овој турнир згасна пред 12 години, а во 2020 година повторно се враќа во календарот како голем проект на Тенискиот сојуз на Австралија.