Top Sport

Ѓоковиќ ќе ја тужи Австралија за 3.800.000 евра

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ќе ја тужи Владата на Австралија. Ѓоковиќ. во неделата, беше депортиран од Австралија. Федералниот суд објасни дека претставувал закана по јавното здравје.

Англискиот таблоид „Сан“, повикувајќи се на извори блиски до Ѓоковиќ, тврди дека тенисерот ќе бара 3.800.000евра од Владата на Австралија.

Ѓоковиќ ќе ги тужел поради лошиот третман.

„Познато е дека Ѓоковиќ и неговото семејство сметаат дека имал лош третман во хотелот за имигранти во Мелбурн. Неговата мајка откри дека хотелот бил полн со инсекти. Го држеа како затвореник“, пишува „Сан“.

Таблоидот, наведува дека информациите, ги добиле од особа која е пријател со менаџерот на Ѓоковиќ, Адоард Артлади.

Scroll to Top