Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ќе учествува на Олимписките игри во Токио, каде што ќе оди на една од ретките титули кои му недостасуваат во блескавата кариера.
Додека многу тенисери, вклучувајќи го и Рафаел Надал, решија да ја прескокнат Олимпијадата поради тенискиот календар и блискоста со САД опен, Ѓоковиќ ќе се обиде да освои олимписко злато, бидејќи во својата кариера има само бронза од Пекинг 2008 година, а на минатата Олимпијада во Рио де Жанеиро испадна во првото коло.
„Новак ја потврди желбата да биде на Олимпијадата и тој е веќе пријавен“, потврдија од Тенискиот сојуз на Србија.
Србија ќе го пријави и Миомир Кецмановиќ на ОИ, откако Филип Крајиновиќ, Душан Лајовиќ и Ласло Ѓере решија да не патуваат за Токио.