Новак Ѓоковиќ нема да игра на ниту еден турнир до почетокот на третиот грен слем во сезоната, Вимблдон.
Водечкиот тенисер на АТП листата ниту во својот официјален распоред нема ставено ниту еден што му претходни на Вимблдон. Британските медиуми денес пишуваат дека српскиот тенисер нема да побара „специјална покана“ за настап на турнирот во Хале или во Квинс.
Инаку ова не е некое големо изненадување, бидејќи во минатото Ѓоковиќ знаел да и пропушти турнирите пред Вимблдон. Лани, поради лошата форма во која се наоѓаше тој играше во Квинс и стигна до финалето.
На турнирите што му претходат на Вимблдон нема да учествува ниту светскиот рекет бр.2, Рафаел Надал.
Неофицијалното светско првенство во тенис, како што го нарекуваат Вилблдон, ќе започне на 1 јули и ќе трае две недели.