Новак Ѓоковиќ веќе е во Задар, каде што во текот на викендот ќе се игра вториот турнир од неговата тениска „Адрија турнеја“, најавувајќи голем тениски спектакл и во интервју за „Нова ТВ“ зборувајќи за „најпознатиот“ спортист од градот, Лука Модриќ.
„Со Лука се слушнав на почетокот на годината и зборувавме за некои работи кои можеме заедно да ги направиме. Се работи за неверојатно момче и еден од најдобрите фудбалери на светот. Навистина не знаев дека е од Задар и сега ќе морам да му се јавам да ми даде некоја препорака. Тој е еден од најголемите спортисти во историјата на овие простори. Да се освои ’Златна топка’ во конкуренција на Меси и Роналдо, во таа ера, само покажува колку големи работи направил и тоа ќе го сфатиме кога ќе се повлече од спортот. Тоа што го направи со хрватската репрезентација, како се однесува со националниот дрес, сигурното место во Реал Мадрид, најголемиот клуб на светот. Бидејќи уште игра не можеме да сфатиме колку е голем“, вели Ѓоковиќ.