Новак Ѓоковиќ избори пласман во второто коло на ју-Ес опен. Првиот носител на турнирот во три сета (6/1, 6/4, 6/1) го совлада Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина. Ѓоковиќ во второто коло за противник ќе го има Британецот Кајл Едмунд кој во четири сета (2/6, 7/5, 7/5, 6/0) го победи Александар Бублик.
Првиот ден на турнирот во Њујорк го направи Стив Џонсон кој по голема борба го елиминираше 16 носител Џон Изнер. Дуелот на двајцата Американец траеше четири часа, на крајот Џонсон славеше со пресврт (6/7, 6/3, 6/7, 6/3, 7/6).
Турнирот заврши за уште еден американски џин Рајли Опелка. Давод Гофан успеа лесно да се справи со 211 сантиметри високиот Опелка. Белгоецот славеше во четири сета (7/6, 3/6, 6/1, 6/4).