Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четврт-финалето на АТП турнирот во Рим откако во осминафиналниот дуел лесно го совлада Швајцарецот Стан Вавринка со 2:0 во сетови.
Ѓоковиќ првиот сет го доби со 6:2 во гемови, а по идентичен рецепт славеше и во вториот сет.
Во четврт-финалето српскиот тенисер за противник ќе го има Канаѓанецот Феликс Огер-Алиасиме кој славеше со 2:0 во сетови (6:3, 6:2) против Американецот Гирон.