Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ експресно се пласираше во четврфиналето на Мастерс турнирот во Париз, откако противникот, Босанецот Дамир Џумхур му го предаде мечот на почетокот на вториот сет.
Ѓоковиќ добро го почна мечот, во првиот сет направи брејк уште при 2:1, па со рутинирани 6:1 го освои првиот сет од мечот.
Во финишот на сетот Џумхур се пожали на повреда на грбот, побара и медицински тајм аут. Го продолжи мечот, но немаше сили да го издржи притисокот, па при водство од 2:1 за Ѓоковиќ во вториот сет, го предаде мечот.
Следен противник на Ѓоковиќ во четврфиналето е Хрватот Марин Чилиќ, кој претходно извојува победа над Бугаринот Григор Димитров.