Top Sport

Ѓоковиќ лесно со Милман, Нишикори го доби маратонот против Чилиќ

Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори ја формираа втората полу-финална двојка на Ју-Ес Опен. Ѓоковиќ со максимален резултата, во четврт-финалето, го победи Џон Милман, додека Нишикори одира маратонски меч против Марин Чилиќ.

Играчот кој во претходната рунда го победи Роџер Федерер, Џон Милнам, немаше никакви шанси против Ѓоковиќ.

Србинот го контролираше мечот од почетокот до крајот, а доколку подобро ги користеше брејк шансите, многу побргу ќе дојдеше до победата.

Ѓоковиќ со 6:3, 6:4, 6:4 се избори за своето 11.полу-финале во Њујорк, каде го чека Кеи Нишикори.

foto: epa

Јапонецот за повеќе од четири часа игра успеа да го победи Марин Чилиќ со 3:2 (2:6, 6:4, 7:6, 4:6, 6:4).

Нишикори и Чилиќ не одграа спектакуларен меч, а до победата дојде играчот што направи помалку грешки во важните моменти.

Клучен за мечот беше вториот сет, кога Чилиќ имаше водство 1:0 во сетови и 4:2 во вториот, но на крајот тој период од играта му припадна на Нишикори.

Scroll to Top