Top Sport

Ѓоковиќ му одржа час по тенис на Американецот Фриц во Мадрид

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ на импресиван начин се пласираше во третото коло на Мастерс турнирот во Мадрид откако попладнево со 6-4 и 6-2 во сетови го победи Американецот Тејлор Фриц.

Од почетокот до крајот на мечот кој траеше 64 минути Ѓоковиќ загуби само 8 поени на свој сервис. Фриц се обидуваше со силен форхенд да го загрози моментно првиот светски рекет, сепак Ноле немаше милост од основната линија
Србинот на денешниот меч имаше 74% успешен прв сервис.

Во поинтересните дуели од денешната програма во Мадрид во машка конкуренција Фучович со 2-0 го совлада Гофин, Вавринка немаше проблеми со Херберт, победа од 2-0, а со истиот резултат и Фоњини го совлада Едмунд.

Од 20 часот во меч од третото коло ќе се сретнат Федерер и Гаске.

На женскиот дел од турнирот третата светска тенисерла Симона Халеп ја совлада Јохана Конта со 2-0.

Scroll to Top