Top Sport

Ѓоковиќ на сите српски тенисери им обезбедил подготовки за новата сезона

Тенисерите полека ги започнуваат подготовките за новата сезона. Сезоната 2020 заврши со победа на Данил Медведев, кој го освои Завршниот мастерс во Лондон.

На Завршниот мастерс, Новак Ѓоковиќ, светски број1, стигна до полу-финалето, во кое по голема борба беше елиминиран од Доминик Тим.

Најдобриот во светот, по завршувањето на сезоната со еден гест ги воодушевил српските тенисери.

На сите им овозможил за новата сезона бесплатно да се подготвуваат во неговиот тренинг-центар во Белград. Покрај тоа што тие бесплатно ќе ги користат терените, Ѓоковиќ им обезбедил и престој, харана, топчиња…

Гестот што го направил Ѓоковиќ, го открил Петар Поповиќ, тренерот на Дамир Џумхур, кој исто така добил можност да се подготвува на терените во Белград.

Scroll to Top