Новак Ѓоковиќ избори пласман во полуфиналето на Атп турнирот од серијата 250 во Аделаида. За пласман во финалето, Ѓоковиќ ќе игра против големиот ривал Данил Медведев.
Ѓоковиќ осцилираше, но сепак за нешто помалку од два часа, успеа да го победи Денис Шаповалов со 6:3, 6:4. Ова беше осма победа на Ѓоковиќ во истот толку дуели со тенисерот од Канада.
Во првиот сет пресуди брејкот на Ѓоковиќ во осмиот гем. Србинот потоа направи брејк во третиот гем од вториот сет, но Шаповалов, најмногу поради грешките на Ѓоковиќ, возврати во шестиот гем.
Клучниот брејк за победа, Ѓоковиќ го направи во деветтиот гем.
Ѓоковиќ утре од 11 часот, по средно-европско време, ќе игра против Медведев. Претходно, во првото полуфинале од 6:30 часот, ќе играат Себастијан Корда и Јошихито Нишиока.