Заедничката одлука на Вимблдон и ЛТА, да ги протераат играчите од Русија и Белорусија, од тревнетите терени во југозападен Лондон, одекна како бомба во светот на тенисот.
Поради руската инвазија во Украина, организаторот на Вилмблдон, донесе одлука да им го забрани учеството на тенисерите и тенисерките Русија и Белорусија.
АТП веднаш се огласи и ја осуди одлуката на Британците, а нивниот став го дели и Новак Ѓоковиќ. По тешката победа над сонародникот Ласло Ѓере на турнирот во Белград, Ѓоковиќ рекол дека не е добра кога политиката се меша во спортот.
„Ја осудувам војната, како дете го искусив тоа, знам какви емотивни трауми може да остави. Ние во Србија знаеме што се случуваше 1999 година, секогаш пати народот. Не можам да ја поддржам одлуката на Вимблдон, мислам дека е луда. Ништо добро не може да излезе кога политиката ќе се вмеша во спортот“, рекол Ѓоковиќ.
Годинешното издание на Вимблдон ќе го пропуштат неколку големи ѕвезди на светскиот тенис: Данил Медведев, Андреј Рубљов, Арина Сабаленка, Викторија Азаренка, Анастасија пављученкова, Карен Хачанов…