Новак Ѓоковиќ по победата над Милош Раониќ (6/4, 6/3, 7/6) во четврт-финалето на Австралија опен, низ солзи говорел за трагично загинатиот Коби Брајант.
Ѓоковиќ на свој начин му одаде почит на легендарниот кошаркар. На неговата тренерка ги имаше иницијалите „КБ“ и бројките „8 и 24“’.
„Беше еден од најголемите спортисти на сите времиња. Мене и на многу други луѓе ни беше инспирација. Имав среќа, во последните десет години бевме блиски пријатели. Кога ми беше потребен совет или кога ми требаше поддршка, секогаш беше со мене. Ми беше ментор, пријател. Срцето ми е скршено за она што им се случи нему и на неговата ќерка…Тоа е неверојатно“, рече Ѓоковиќ неможејќи да го сокрије солзите.
"He was there for me"@DjokerNole pays tribute to his late friend and mentor Kobe Bryant.#AO2020 | #AusOpen pic.twitter.com/k8sRHcBATw
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 28, 2020