Новак Ѓоковиќ призна дека морал да го „донесе“ својот најдобар тенис во неверојатната 3:6/6:3/7:6(4)/6:2 победа над 13-кратниот шампион од Ролан Гарос, Рафаел Надал во полуфиналето на гренд слемот на земја.
„Ми беше привилегија да го делам теренот со Надал во овој неверојатен меч. Ова е најдобриот меч кој сум го одиграл во Париз, а атмосферата и енергијата беше на највисоко можно ниво и двајцата имавме фантастична поддршка. Беше потребен мојот најдобар тенис да го победам Рафа вечерва. Исто колку што е тешко да се објасни како е да се игра против него тука, нешто посебно. Си велите, нема притисок, но секогаш има притисок, верувајте“, вели Ѓоковиќ.