Top Sport

Ѓоковиќ нема да настапи во Пекинг

Новак Ѓоковиќ нема да настапи на АТП турнирот од серијата 500 во Пекинг, објави телевизијата „Спортклуб“, на својата интернет страница.

Српскиот тенисер ќе го пропушти турнирот во кинеската престолнина што ќе започне в понеделник, а на терените ќе се врати на мастерсот во Шангај.

Ѓоковиќ е рекордер во Пекинг, според бројот на освоените титули. Србинот во кариерата шест пати го освоил Пекинг.

Минатата сезона турнирот го освои Рафаел Надал, кој нема да ја брани титулата поради повредата на коленото.

Во Пекинг ќе настапат Хуан Мартин дел Потро, Александар Зверев, Енди Мареј, Григор Димитров…

Scroll to Top