Top Sport

„Ѓоковиќ нема харизма, Федерер се глупира, Надал секогаш ќе биде број 1“

Јон Циријак (83) е поранешна тениска ѕвезда, сега е успешен бизнисмен. Романецот во еден период бил тренер и менаџер на Борис Бекер, Штефи Граф, Горан Иванишевиќ, Марат Сафин. Исто така тој им е кум поранешниот српски тениср Боба Живојиновиќ и фолк дивата Лепа Брена.

Циријак, во едно интервју ја коментираше ситуацијата со тројцата најдобри тенисери во светот.

„Новак Ѓоковиќ направи фатална грешка со вакцинацијата. Со својот антиваксерски став неповратно го наруши својот имиџ. Тој се труди да биде лошо момче како што некогаш беа Илие Настасе или Џон Мекинро, но тие беа природни, додека Ѓоковиќ глуми. Нема харизма. Тој не е ни блиску до оние што ги копира“, рекол Циријак, а потоа жестоко го критикуваше и Роџер Федерер.

„Ако Роџер го сака тенисот, може да се забавува и на 40 години, но мислам дека повеќе не е способен да биде конкурентен. Искрено, тој е во голема опасност од себе да направи будала“.

Поинакво мислење има за Шпанецот, Рафаел Надал.

„Победата на Надал над Ѓоковиќ на Ролан Гарос покажа дека тој секогаш ќе биде број 1. Нема потреба да се споредува Рафа со Новак или Роџер. Ќе поминат многу години пред да видиме тенисер кој 14 пати ќе освои еден Грен слем турнир, како што тоа го направи Надал во Париз“.

Scroll to Top