Top Sport

Ѓоковиќ: Неверојатно, го престигнав мојот идол

Новак Ѓоковиќ го коментираше историскиот успех и пласманот во новото финале, на турнирите од мастерс серијата.

Ѓоковиќ, утре против Медведев ќе го игра своето 54.мастерс финале. Никој во историјата нема толку учества во финалињата на престижната серија. Втор на листата е Надал со 52. Ѓоковиќ и Надал имаа по 36 мастерс титули.

Со пласманот во финалето, го обезбеди првото место на АТП листата по завршувањето на сезоната. Седми пат во кариерата, Србинот, годината ќе ја заврши на првото место, што е апсолутен рекорд. Ѓоковиќ зад себе го остави Пит Сампрас кој шест пати бил најдобар на крајот од годината.

„Големо достигнување. Горд сум. Драго ми е што добив шанса и што успеав да да го престигнам идолот од детството, Пит Сампрас. Преплавен сум од емоции, ги делам со моето семејство, со мојот тим и со блиските луѓе кои секогаш се со мене. Без нив немаше да успеам. Ова е индивидуален спорт, но морате да имате тим“, рекол Ѓоковиќ.

Scroll to Top