Новак Ѓоковиќ потешко од очекувањата избори пласман во четвртфиналето на турнирот од серијата 250 во Аделаида. Ѓоковиќ во два тај-брејка, го победи Французинот Квентин Алис.
Против борбениот француски тенисер, Ѓоковиќ ја забележа 30. победа во низа на австралиска почва. Триумфот на Алис е 20. на последните 21 мечеви за Ѓоковиќ.
Фаворитот имаше големи проблеми со Халис во првиот сет, во кој успеа да се врати од 2:5, а потоа рутински да го добие тај-брејкот.
Во вториот сет, Ѓоковиќ пр резултат 5:4 не реализираше две меч топки, но до победата дојде во тај-брејкот.
За пласман во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Денис Шаповалов. Овие двајца досега одиграле седум меча, резултатот е 7:0 за Ѓоковиќ.