Новак Ѓоковиќ во недела го очекува нова пресметка со Роџер Федерер и тоа на најголемата можна сцена во тенисот, „Централниот терен“ на Вимблдон, но Србинот вели дека би можел уште утре да се пензионира со мирна совест.

„Главната мотивација ми е да бидам на теренот и да играм. Знам дека е клише, но тоае одговорот и тоа е суштината на оваа игра. Без желбата не може да се стигне далеку. Не гледам на тенисот како на моја работа, но во кариерата освоив толку многу што би можел да престанам да играм кога сакам. Но, тоа не е причината поради играм тенис. Играм бидејќи уживам, сакам да бидам дел од историјата, да освојам што е можно повеќе гренд слем титули и да бидам тој историски број 1“, вели Ѓоковиќ.

Во недела, Србинот ќе игра за својата 16-та гренд слем титула. Рафаел Надал е втор на вечната листа со 18 големи трофеи, а Федерер има 20.