Дејвс куп, единственото екипно натпреварување во машкиот тенис веројатно ги „живее“ последните моменти во форматот, во кој се играа со децении наназад. Ова натпреварување што се одржува секоја сезона е поделено во повеќе групи и зони, а репрезентациите се натпреваруваат во три дена, за време на викенд. Се играат два натпревари во сингл, потоа дубл и третот ден завршува со уште два сингл натпревари.
Сепак, поради густиот распоред на турнирите, овој формат не им одговара на врвните тенисери, поради што изминатите години многумина од нив побараа промени во Дејвис купот.
Некогаш најдбриот во светот Новак Ѓоковиќ е еден од врвните тенисери кои инсиситраат на реформи во Дејвис купот.
Србинот деновиве преземал конкретни чекори, а она што изненади многумина е неговиот партнер со кој се обидува да издествува промени во Дејвис купот. Станува збор за ѕвездата на фудбалскиот клуб Барселона, Џерард Пике.
Францускиот „Лекип“ дознава дека викендов биле организирани првите состаноци што ги иницирал Пике, кој инаку веќе извесно време сериозно е влезен во шоу бизнисот.
Џерар веќе го контактирал АТП, чии челници ја разгледуваат опцијата повторно да го заживеат натпреварувањето „Светско екипно првенство“ кое постоеше од 2012 година.
Пике минатата година беше гостин на Мастерс турнирите во Мадрид и Париз, но тој тогаш не успеал да ја наметне својата идеја кај на АТП. Поради тоа дефанзивецот на Барселона сега ќе се обиде да ги убедува челниците на Меѓународната тениска федерација (ИТФ).
Во ИТФ идејата на АТП да го заживее „Светското екипно првенство“ го разбрале како директен напад на Асоцијацијата на тениските професионалци.
„Лекип“ тврди дека Ѓоковиќ и Пике со помош на промотор од Кина „касата“ на натпреварувањето би ја наполните со 35 до 40 милиони евра.
Нивна цел е да организираат турнир што би траел помеѓу 10 и 12 дена во Азија. На турнирот би учествувале 16 репрезентации.
Неодамна Роџер Федерер го покрена „Лејвер куп“, натпреварување за кое исто така се очекува да го надмине Дејвис купот.