Новак Ѓоковиќ е во полуфиналето на Мастерсот во Париз, откако со 6:4/6:3 го совлада Американецот Тејлор Фриц во необичен меч, за на патот до финалето да му стои полскиот ас Хуберт Хуркач.
Во првиот сет имаше дури пет брејка на сервис, и Ѓоковиќ двапати беше во предност, пред Американецот да врати со иста мерка. По третиот брејк за 5:4, Ѓоковиќ лесно го комплетираше сетот, а ваквата игра продолжи и во вториот сет, во кој Фриц веднаш направи брејк.
Следен за Ѓоковиќ е Полјакот Хуберт Хуркач, кој со 6:2/6:7(4)/7:5 во маратонски меч беше подобар од Австралиецот Џејмс Дакворт. Во другите две четврт-финалиња во Париз играат Данил Медведев и Иго Гастон, односно Александер Зверев и Каспер Руд.