Top Sport

Ѓоковиќ по девет меч-топки го мина Чориќ

Новак Ѓоковиќ пропушти неверојатни девет меч-топки пред да го совлада Хрватот Борна Чориќ со 7:6(2)/7:5 во второто коло на Мастерсот во Монте Карло.

Поранешниот светски број 1, пропушти седум шанси да го добие мечот на свој сервис, пред конечно да го комплетира мечот во десеттиот обид по 2 часа и 15 минути игра, покажувајќи одлична подготвеност по повредата на лактот која долго време го оддалечи од тениските терени.

Ѓоковиќ сега ќе игра против австрискиот петти носител, Доминик Тим во четврток за место во четврт-финалето. Тим само еднаш го има победено Србинот во претходните шест меѓусебни дуели – минатата сезона во четврт-финалето на Францускиот опен.

Претходно Кеи Нишикори со 7:5/6:2 го победи светскиот број 49., Данил Медведев во во второто коло на турнирот. Нишикори, кој беше на 4. место на АТП листата, но падна на 36. место на светот по петмесечната пауза, губеше со 1:3 во првиот сет, но се врати за дуел со Андреа Сепи или Гијермо Гарсија-Лопез во осминафиналето.

Фото: ЕПА

Scroll to Top