Top Sport

Роналдо признава: Ја сакам Аргентина поради Георгина

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се пофали со „лајв“ видео на Инстаграм во кое беше покрај Георгина Родригез, неговата девојка и мајка на ќеркичката Алана Мартина, во кое призна дека ја сака Аргентина, но не поради Лео Меси.

Португалија е аутсајдер на Мундијалот во Русија и покрај тоа што е актуелен европски шампион, додека Лео Меси ќе ја предводи Аргентина, репрезентација од која не се очекува многу и покрај неговото влијание.

„Мојата девојка е од Аргентина! Знам дека некои луѓе мислат дека не ја сакам Аргентина, но навистина не е така“, вели Роналдо.

Георгина ретко зборува со медиумите, но неодамна имаше долго интервју во кое призна дека не сака повеќе деца со Роналдо и покрај тоа што тој најави дека сака да има дури седум деца. Покрај Алана Мартина, Роналдо има уште три деца со сурогат-мајки. Во текот на тоа интервју таа откри дека нејзиниот татко е роден во Аргентина.

Георгина му порача на Роналдо: Доста беа деца

Scroll to Top