Top Sport

Ѓоковиќ посилен од повредата и Медведев, ќе се бори за титулата во Аделаида

Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на АТП турнирот од серијата 250 во Аделаида. Во полуфиналето за 91 минута, Ѓоковиќ го победи Данил Медведев. Ѓоковиќ, утре ќе се бори за 92.титула во кариерата. противник во финалето ќе му биде Американецот Себастијан Корда.

Ѓоковиќ уште еднаш издоминира против големиот ривал. Победи во два сета со 6:3, 6:4. Она што може да го загрижи него и неговите фанови, пред почетокот на Австралија опен е повредата на мускулот на десната нога, поради што и бараше медицински тајм-аут во средишницата од првиот сет.

Српскиот тенисер направи по еден брејк во двата сета, искористи две од трите брејк топки. За разлика од Ѓоковиќ, Медведев имаше три брејк топки, не искористи ниту една.

Ѓоковиќ од финишот на минатата сезона ја забележа четвртата победа над Медведев. Победи на Мастерсот во Париз и запиша два триумфи на Завршниот мастерс во Торино.

Противник во финалето ќе му биде Корда, на кого Нишиока му го предаде мечот на почетокот на вториот сет. Финалето се игра утре од 8:30 по средно-европско време.

Scroll to Top