Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим изборија пласман во третото коло на Австралија опен. Србинот и покрај тешките временски услови го победи Гаел Монфилс, додека Тим успеа да се врати по негативата од два сета и да слави над Денис Кудла. Изнененадување кај мажите направи Жилиен Бенето кој го победи Давид Гофан.
Ѓоковиќ и Монфилс својот меч го играа во нехумани услови, температурата во сенка изнесуваше 39 степени Целсиусови, додека на подлогата во еден момент изнесуваше неверојатни 68 степени.
Србинот кој го одигра вториот офивијален меч по шестмесечната пауза успеа да слави иако Минфилс го доби првиот сет со 4:6. Во преостанатите три Ѓоковиќ славеше 6:3, 6:1, 6:3.
Петтиот светски рекет Австриецот Тим се наоѓаше на сет од елиминација на турнирот откако Кудла (190.на АТП листата) со сигурна игра гии доби првите два сета 6:7, 3:6.
Сепак Тим успеа да се врати во мечот и да биде подобар во наредните три сета 6:3, 6:2, 6:3. Мечот траше е три часа и 50 минути.
Бенето, барем засега, го направи најголемото изненадување на машкиот дел од турнирот во второто коло. Францускиот тенисер успеа да слави над Давид Гофан кој беше поставен за седми носител.
Бенето победи со 1:6, 7:6, 6:1, 7:6.
Четири сета играше и Томаш Бердих против Гиљермо Гарсија-Лопез (6:3, 2:6, 6:2, 6:3), односно Хуан Мартин дел Потро против Карен Хачанов (6:4, 7:6, 6:7, 6:4).