Новак Ѓоковиќ повторно го откажа тренингот на Австралија Опен. Деветкратниот шампион во Мелбурн требаше да тренира во 19 часот по локално време, но беше тргнат од распоредот.
Ѓоковиќ не се појави на теренот ниту во неделата, кога исто така реши да ја прескокне дневната тренинг рутина.
Проблемот е најверојатно задниот дел од мускулот на левата нога, кој го мачи уште од Аделаида, турнир кој неодамна го освои пред да дојде во Мелбурн.
Првиот меч на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен е закажан за утре во 11 часот во арената „Род Лејвер“, кога противник ќе му биде Роберто Карбалес Баена.