Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ објави дека е заразен со коронавирусот. Покрај него позитивна на Ковид-19 била и неговата сопруга Јелена, додека останатите членови на семејството и неговиот тим не биле заразени.
Семејството Ѓоковиќ и членовите на тимот на најдобриот тенисер се тестираа синоќа откако од Задар се вратија во Белград.
„Веднаш по враќањето од Задар се тестиравме. Мојот и тестот на сопругата се позитивни. Децата имаат негативни тестови“, порача Ѓоковиќ.
„Се што правевме во последните месец дена го правевме со чисто срце и со добри намери. Нашиот турнир имаше хуманитарен карактер. Сакавме да им помогнеме на тенисерите од регионот, да играат, да остварат приходи, полесно да го минат овој тежок период. Во исто време сакавме да испратиме порака на солидарност. Целта ни беше да им помогнеме на хуманитарните фондации и на оние на кои им е најпоребна помошта. Драго ми е што голем број уѓе се приклучија на иницијативата“, објаснил српскиот тенисер.
„Турнирот го организиравме во моментот кога вирусот ослабна, веруваме дека се стекнати услови за негово одржување. Исклучително ми е жал за секој поединечен случај на зараза. Ги следам изјавите на лекарите и се надевам дека бројот на заразени нема да се зголемува.“.
Ѓоковиќ рекол дека не чувствува никакви симптоми, дека ќе го повтори тесто за пет дена и дека наредните две недели ќе биде во самоизолација.