Top Sport

Ѓоковиќ пред АО: Подготвен сум

Новак Ѓоковиќ продолжува да испраќа позитивни сигнали пред почетокот на првиот Гренд слем во сезоната Австралија опен. Изминатите десет дена владее неизвесност околу неговиот настап во Мелбурн, особено поради тоа што тој поради повредата на лактот не настапи во Абу Даби.

Шесткратниот шампион во Мелбурн нема одиграно официјален меч уште од четврт-финалето на Вилмблдон минатата година, кога поради повреда му го предаде мечот на Томаш Бердих.

Ѓоковиќ веќе се наоѓа во Австралија каде во изминатите два дена одработил два тренинзи на „Род Лејвер“ арена.

Поради тоа неговата последна објава на „Инстаграм“ може да ги радува неговите навивачи, дека тој ќе настапи на омилениот Гренд слем.

Сепак, очекувањата се дека Ѓоковиќ дефинитивно ќе го потврди настапот на „Ози опен“ откако ќе ги одработи егзибициите во Кујонг и „Тај брејк тенис“, кои ќе стартуваат на 10 јануари.

„Подгтвен сум“, напишал Ѓоковиќ покрај сликата со логото на Австралија опен.

Отвореното првенство на Австралија во тенис ќе започне на 15 јануари.

Scroll to Top