Top Sport

Титули за Халеп и за Андерсон

Светската тенисерка број 1, Симона Халеп ја започна новата сезона со титула, откако ја совлада Катерина Синијакова во три сет за трофеј од Шенжен опен во Кина.

Романката победи со 6:1/2:6/6:0 против актуелната шампионка од турнирот во 72 минути во кои имаше многу пресврти. Халеп го има гарантирано првото место на ВТА-листата и првото носителско место на Австралија опен, првиот гренд слем, кој почнува во Мелбурн на 15 јануари.

Французинот Жил Симон пак, ја комплетираше одличната недела со 7:6(4)/6:2 победа над Јужноафриканецот Кевин Андерсон за да ја освои титулата од Тата опен во Пуне, Индија. Французинот на патот до титулата го елиминираше и  првиот носител Марин Чилиќ.

Scroll to Top