Новак Ѓоковиќ ќе му се спротивстави на Данил Медведев во финалето на последниот гренд слем во сезоната, Ју-ес опен. Првиот носител на турнирот, за три часа и 37 минути, го победи Александар Зверев со 3:2 (4/6, 6/2, 6/4, 4/6, 6/2). Во недела, Ѓоковиќ ќе се обиде во своето деветто финале во Њујорк да ја освои четвртата титула и да го комплетира календарскиот гренд слем.
„Ќе се обидам да го освојам Ју-ес опен по четврти пат во кариерата. Знам дека календарскиот гренд слем е блиску, знам дека луѓето зборуваат на таа тема. Ќе го оставам срцето на теренот, телото, мојата душа. Ќе го играм нареднит меч како да ми е последен во кариерата“, рекол Ѓоковиќ.
„Голема битка. Разочаран сум како играв на почетокот на петтиот сет. Со исклучок на тоа ова беше одличен меч. Ѓоковиќ, кога треба го игра најдобриот тенис, тоа малку играчи го можат. Затоа е број 1. Гледајте, постои причина зошто освоил 20 гренд слем трофеи, зошто толку недели е број 1. Има многу причини зошто е тоа така. Ментално е најсилниот играч во историјата“, изјави Зверев.