Новак Ѓоковиќ, деветти пат во кариерата, ќе игра во полу-финалето на Австралија опен. Бранителот на титулата во Мелбурн, во четврт-финалето, го победи шестиот фаворит, Александар Зверев.
Дуелот на Србинот и Германецот, на „Род Лејвер“ арената, траеше три часа и 30 минути, Ѓоковиќ победи со 6/7, 6/2, 6/4, 7/6.
Ѓоковиќ во полу-финалето ќе игра против сензацијата од Русија, Аслан Карацев.
Зверев, првиот сет го доби во тај-брејк, откако му го одзеде сервисот на противникот во првиот гем, а потоа кога сервираше за освојување на сетот, Ѓоковиќ го врати брејкот.
Вториот сет во целост му припадна на Ѓоковиќ, ги освои првите четири гема и за 29 минути израмни на 1:1.
Третиот сет веројатно беше клучен за конечниот победник. Зверев, со брејк, имаше водство од 4:1, Ѓоковиќ на грајот од петтиот гем го искрши рекетот, откако не ги искористи брејк шансите.
Djokovic goes crazy #AO2021 pic.twitter.com/TgyT85YnWF
— ارسلان (@LioM10__) February 16, 2021
Во шестиот гем Зверев имаше 30:0 и потоа „исчезна“ од теренот. До крајот на сетот Ѓоковиќ освои пет гема и го презеде водството.
Четвртиот сет, започна со 3:0 за Зверев, а потоа Ѓоковиќ возврати. Во тај-брејкот, првиот носител имаше повеќе нерви и малку повеќе среќа.
На крајот Ѓоковиќ имаше негативен скор, во директните поени и неизнудените грешки (48/56), додека Зверев забележа 45 винери и 38 неизнудени грешки. Ѓоковиќ, изненадувачки имаше повеќе ас сервиси (23/20), а двајцата направија по пет дупли грешки.
Ѓоковиќ подобро ги искористи своите шанси за брејк, имаше девет шанси и шест пати му го одзеде сервисот на Зврев, додека Германецот искористи три од 12 брејк топки.