Top Sport

Ѓоковиќ: Протоколот на Флешинг Медоуз е екстремен

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ смета дека протоколите за безбедност поради корона вирусот планирани за САД опен се „екстремни“ најавувајќи дека е речиси невозможно да се одигра турнирот.

Гренд слем турнирот во Њујорк е планиран од 31 август на Флешинг Медоуз во моменти кога САД имаат најголем број на заразени од корона вирусот, а низ повеќе големи градови има постојани протести.

„Нема да имаме пристап до Менхетен, ќе мораме да спиеме на хотелите на аеродромот и да бидеме тестирани два или три пати неделно. Покрај тоа, треба да носиме само еден човек во клубот што е невозможно. Потребни ти се тренерот, фитнес-тренерот, физиотерапевтот… Разговарав со најдобрите тенисери за продолжувањето на сезоната, но никој не знае кога ќе продолжиме. Правилата кои треба да ги почитуваме се екстремни“, вели Ѓоковиќ.

Во четвртокот и светскиот рекет број 2, Рафаел Надал изјави дека под сегашните услови нема да патува во Њујорк да ја брани својата титула, верувајќи дека не треба да има рестарт на турнирите додека сите тенисери не добијат дозвола за безбедно патување.

Засега, нема планирано АТП и ВТА турнири до крајот на јули.

Надал: При вакви услови, не би патувал на Флешинг медоуз

Scroll to Top