Top Sport

Ѓоковиќ: Прв ќе му честитам на Медведев кога ќе стане број 1

Новак Ѓоковиќ утре ќе го има својот прв меч оваа сезона во првото коло на Дубаи Дјути фри шампионатот против Италијанецот Лоренцо Мусети со реални шанси да го загуби првото место на АТП листата по две години од Русинот Данил Медведев.

Но, 34-годишниот Србин по „одисејата“ во Австралија со одбивањето на визата, вели дека ќе биде првиот кој ќе му честита на Медведев, кој во Њујорк минатата есен го спречи да освои календарски гренд слем на САД опен. Медведев, кој игра на Мексико опен во Акапулко може да стане светски број 1 според тоа каква недела ќе имаат двајцата.

„Подготвен сум најдобро што можам и возбуден што повторно ќе играм. Направив што можам да се најдам во добра позиција да играм тенис и ментално сум силен. На крајот тоа сигурно ќе се случи, и ако се случи оваа недела, јас ќе бидам првиот што ќе му честитам на Данил“, вели Ѓоковиќ.

Scroll to Top