Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ го совлада Хрватот Борна Чориќ со 7:6(11)/6:3 за пласман во четврт-финалето на Виена опен, по маратонскиот прв сет, за да го обезбеди првото место на АТП листата на крајот на 2020, израмнувајќи го рекордот на Пит Сампрас од шест години во кои календарската година ја завршил како број 1.
Единствен начин на кој ќе му биде ускратен овој рекорд ќе биде ако Рафаел Надал прифати вајлд карта за настап на Софија опен, што засега Шпанецот го нема најавено.
Ѓоковиќ спаси три брејк топки во првиот сет и не загуби брејк, за маратонски гем во кој имаше 94 поени, од кои Чориќ освои 48. Борна загуби само девет поени по првиот сервис, а Ѓоковиќ спаси три брејк топки во деветтиот и 11 гем и четири сет-топки во тај-брејкот, за да го освои првиот сет за маратонски 75 минути.
?BREAKING NEWS?
If Rafael Nadal doesn't take a wildcard into Sofia, @DjokerNole will finish 2020 as year-end No. 1 in the @FedEx ATP Rankings. pic.twitter.com/RTDCG254uy
— ATP Tour (@atptour) October 28, 2020