Top Sport

Ѓоковиќ се обиде да го имитира Мајкл Џексон, па заврши на земја (видео)

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ има многу интересирања надвор од тениските терени, а едно од нив е и танцувањето.

Новак во текот на меѓусезонската пауза имаше можност да се запознае со еден од најпознатите брејкденсери во светот и имитатор на Мајкл Џексон, Салиф Сорс.

Брејкденсерот го подучуваше Ѓоковиќ некои движења, се пофали тенисерот на Твитер.

Српскиот ас се обиде да изведе едно движење, но не успеа до крај во предизвикот и заврши на земја.

Погледнете како изгледаше тоа:

Scroll to Top