Top Sport

Ѓоковиќ се пофали со „најубавиот“ дочек, доби честитки и од Роџер Федерер

Новак Ѓоковиќ се врати дома по освојувањето на деветтата титула од Австралија опен и вкупно 18-ти гренд слем трофеј, и таму го пречека одличен поздрав од неговото семејство.

На тенискиот терен со топчиња беа напишани 18-те гренд слем трофеи кои ги освои Ѓоковиќ, како и порака од неговата сопруга Јелена, од ќеркичката Тара и синот Стефан.

И ривалите му честитаа на Ѓоковиќ – Роџер Федерер, чиј рекорд од 310 недели на првото место на АТП листата го израмни Србинот, реши да го испочитува тој момент со пост на Твитер.

Scroll to Top