Освојувачот на 20 гренд слем титули, Новак Ѓоковиќ се разделил со својот долгогодишен тренер, Словакот Маријан Вајда, тврид „Спорт клуб“.
Вајда беше клучен дел од успехот на Ѓоковиќ, поминувајќи 15 години со српскиот тенисер, и иако накратко ја прекинаа соработката во 2017, веќе во 2018 продолжија да работат заедно.
Разделбата доаѓа во моменти на неизвесност за Ѓоковиќ откако не му дозволија да настапува на Австралија опен, а потоа потврди дека нема да се вакцинира против КОВИД и дека е подготвен да ги пропушти сите гренд слем турнири.
Во тимот на Ѓоковиќ останува тренерот Горан Иванишевиќ, физиотерапевтите Миљан Амановиќ и Улисес Бадио и концидиониот тренер Марко Паники.