Новак Ѓоковиќ во три сета избори пласман во четвртото коло на Ју-Ес опен. Српскиот тенисер со 6/3, 6/4, 6/2 го победи Американецот Денис Кудла во последниот меч одигран на стадионот „Артур Еш“.
Ѓоковиќ одигра рутински меч, а она што ги радува неговите навивачи е што немаше никаков проблем со левото рамо, поради кое во претходниот меч неколку пати бараше медицински тајм-аут.
Мечот со Кудла имаше интересна увертира. Ѓоковиќ речиси два часа доцнеше на закажаното загревање со спаринг партнерот Квинтон Вега. Кога се појави по неколку минути влезе во расправија со еден навивач, но на новинарите не им откри за што разговарал.
„Имавме обичен разговор“, рекол Ѓоковиќ иако во еден момент на навивачот му рекол: „ќе те најдам“.
„Му реков дека ќе го најдам за да пиеме пијалок. Ми се допадна момчето. Ќе го честам пијалак. За што разговаравме нека остане меѓу мене и него. Но тој дефинитивно ми помогна. Тој тоа не го знае, но ми помогна“, рекол најдобриот светски тенисер.
Во наредната рунда Ѓоковиќ ќе игра со стариот познаник Стен Вавринка. Швајцарецот во три сета, но по голема борба го победи ветеранот од Италија Паоло Лоренци со 6/4, 7/6, 7/6.
Ју-Ес опен, 3. коло:
Ѓоковиќ-Кудла 6/3, 6/4, 6/2
Медведев-Лопез 7/6, 4/6, 7/6, 6/4
Кепфер-Басилашвили 6/3, 7/6, 4/6, 6/1
Димитров-Мајцрак 7/5, 7/6, 6/2
Вавринка-Лоренци 7/4, 7/6, 7/6
Гофан-Карењо Буста 7/6, 7/6, 7/5
Федерер-Еванс 6/2, 6/2, 6/1