Новак Ѓоковиќ ги заврши британските надежи на Вимблдон, откако со 4:6/6:3/6:2/6:4 го победи 23-годишниот Кајл Едмунд на „Централниот терен“, обезбедувајќи дуел со Русинот Карен Хачанов во понеделник.
Едмунд го освои првиот сет, доминирајќи на форхенд, но српскиот освојувач на 12 гренд слем титули полека се врати во игра, по што влезе во конфликт со домашната бучна публика во третиот сет. Откако доби казна за предолго задржување меѓу гемови, а дел од англиските навивачи аплаудираа, тој им праќати бакнежи во саркастичен гест, а по крајот на поенот покажа и кон увото, во знак дека не се доволно гласни.
Драмата продолжи и во четвртиот сет, кога во еден момент топчето на Едмунд двапати отскокна на страната на Едмунд на брејк-поен, но Британецот не го призна тоа, а судијата не го забележа. Ѓоковиќ беше исфрустриран, но избегна нов судир со публиката, и остана таков за да го добие мечот.
„Беше тешко, Едмунд инграше навистина добро и ме победи во последниот меч кој го игравме. Тој постави игра која не ми беше пријатна, но за среќа успеав да се адаптирам“, изјави Ѓоковиќ.