Холанѓанецот Робин Хасе го направи првото големо изненадување на Мастерсот во Синсинати, откако се врати од сет негатива за 5:7/6:4/7:5 победа над Германецот Александер Зверев, кој останува без победа на овој турнир (0-4 скор).
31-годишмниот Хасе, кој минатата недела играше во четврт-финалето во Торонто, искористи шест од седумте брејк топки за да го победи Зверев вторпат во кариерата.
Новак Ѓоковиќ исто така се врати од еден сет негатива 4:6/6:2/6:1 победа над Французинот Адриен Манарино за да обезбеди дуел со подобриот од мечот Григор Димитров-Миша Зверев.
Марин Чилиќ имаше триумфален кам-бек во Синсинати, победувајќи го романскиот квалификант Мариуш Копил со 6:7(4)/6:4/6:4 во првиот настап на турнирот во Охајо откако ја освои титулата во 2016 година.