Top Sport

За старт, драматична победа над Унгарија

Одбојкарската репрезентација на Македонија со победа ги стартуваше квалификациите за Европското првенство во 2019 година, откако со 3:2 ја совлада Унгарија на гости во драматичен меч.

Нашите момци имаа предност од 2:0 во сетови (25:23, 25:23), пред Унгарците да направат кам-бек и со идентичен резултат да ги добијат следните два сета. Во одлучувачкиот сет, Никола Ѓорѓиев го освои последниот поен за 16:14 победа. За момците сега следува дуел со Украина на домашен терен, откако тие во првото коло со 3:0 ја победија Швајцарија.

Scroll to Top