Новак Ѓоковиќ се врати на Австралија опен, беше пречекан како голем шампион, со овации и феноменално навивање од полната „Род Лејвер Арена“, која френетично го поздрави деветкратниот шампион.
Во такви околности, шпанскиот тенисер Роберто Карбељас Баена можеше само да даде достоен отпор во триумфалното враќање на Србинот. По два часа и две минути игра Ѓоковиќ победи со 3:0, во сетови 6:3, 6:4, 6:0.
Шпанецот имаше сили за два сета добар отпор, а потоа комплетно се распадна, па Ѓоковиќ го доби третиот сет многу лесно, без загубен гем.
Listen to the noise 🙌
The 9x champion is back!@DjokerNole • #AusOpen • #AO2023 pic.twitter.com/4zVMHeK3sk
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 17, 2023
Енди Мареј спаси меч топка, а потоа во тај-брејк во петтиот сет ја доби пресметката против Матео Беретини.
Александар Зверев исто така со 3:2 во сетови, многу потешко од очекувањата славеше против Хуан Пабло Вариљас од Перу.
Кај дамите, Онс Жабер со 2:1 во сетови ја совлада Тамара Жиданшек. Тунижанката го доби првиот сет во тај-брејк, потоа „киксна“ во вториот и загуби со 4:6, но не дозволи изненадување и го комплетираше мечот со 6:1 во третиот сет.