Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, лесно избори пласман во второто коло на турнирот во Токио.
Ѓоковиќ го одигра првиот меч по Ју-Ес опен кога поради повреда му го предаде осмина-финалето на Стан Вавринка. Србинот немаше проблеми со Алексеј Попирин м(94 на АТП-листата), за помалку од 90 минути победи со 6/4, 6/2.
Отпорот на противникот Ѓоковиќ го скрши во деветтиот гем од првиот сет кога направу брејк, а потоа на свој сервис го освои сетот.
Во вториот сет Попирин се држеше до 2:2, а потоа Ѓоковиќ освои четири гема и го заврши мечот.
Ѓоковиќ во второто коло за ривал ќе го има домашниот тенисер Го Соеда кој на турнирот настапува на покана на организаторот.