Новак Ѓоковиќ направи сѐ што можеше побргу да го заврши својот меч на Вимблдон, победувајќи го Американецот со уникатно име Тенис Сандгрен со 6:3/6:1/6:2 за да го започне обидот да стигне до титула број 4 во Лондон.
31-годишниот Ѓоковиќ е само 12. носител, негов најслаб рејтинг на Вимблдон, но доаѓа по проблематичните 12 месеци откако лани се повлече од турнирот со повреда на лактот. Против дебитантот на Вимблдон, тој беше хируршки прецизен за да ја обезбеди својата 59. победа на Вимблдон, со што се израмни со Џон Мекинро на петтото место на вечната листа.
„Имаше ветер и ова беше еден од тие денови кои сакаш што е побргу да завршат. Се чувствувам навистина добро и едвај чекам да видам до каде можам на овој турнир“, вели 12-кратниот гренд слем шампион.
Фото: ЕПА