Top Sport

Ѓоковиќ со 300. победа на земја на почетокот во Монте Карло

Новак Ѓоковиќ е во второто коло на Мастерсот во Монте Карло, во првиот меч на земјена подлога оваа сезона, победувајќи го Русинот Иван Гахов со 7:6(5)/6:2. Ова беше јубилејна 300. победа на земјена подлога во кариерата на Србинот. Првата пречка на престижниот турнир ја поминаа и Александер Зверев, Андреј Рубљов и Григор Димитров.

Зверев почна лошо, губејќи го првиот сет, пред со 3:6/6:2/6:4 по два часа да го совлада Казахстанецот Александер Бублик за да обезбеди дуел против Шпанецот Робрто Баутиста-Агут.

Григор Димитров, пак, исто така играше во три сета, победувајќи го младиот Американец Бен Шелтон со 6:1/3:6/6:3 за во второто коло да се сретне со Чехот Јиржи Лехецка, кој со 6:1/7:5 беше подобар од Емил Русовори. Тежок почеток на земјената подлога имаше и рускиот петти носител, Андреј Рубљов, кој со 4:6/6:2/6:2 го победи Хауме Мунар.

Scroll to Top