Top Sport

Ѓоковиќ експреснo влезе во четврт-финалето во Монте Карло

Новак Ѓоковиќ му дозволи само три гема на 21-годишниот Американец Тејлор Фриц (6:3/6:0) за да се пласира во четврт-финалето на Мастерсот во Монте Карло, покажувајќи дека полека влегува во форма во игра на земјена подлога.

Ѓоковиќ, кому ова инаку му е домашен турнир бидејќи тој живее во малото кнежевство, имаше спор старт и Фриц успеа да игра поен за поен до 2:2, кога загуби два брејка во низа. Фриц му зема брејк на Ѓоковиќ во следниот гем, но потоа пак загуби на свој сервис за да го загуби првиот сет. Во вториот, младиот Американец немаше сили за отпор и Ѓоковиќ со уште три брејка рутински стави крај на мечот.

Следен за Ѓоковиќ е младиот Русин, Данил Медведев, кој претходно во три сета со 6:2/1:6/6:4 го победи Гркот Стефанос Циципас. Србинот против Медведев има 3-0 скор, а во последниот меч го победи во осминафиналето на Австралија опен во Мелбурн.

Scroll to Top