Новак Ѓоковиќ ја забележа 16-тата победа во 18 мечеви против својот хрватски ривал, Марин Чилиќ, во возбудлив меч во Берси враќајќи се од сет негатива за 4:6/6:2/6:3 победа и полуфинале против подобриот од дуелот на Роџер Федерер и Кеи Нишикори.
Чилиќ имаше фантастичен старт на мечот и со две брејк топки го освои првиот сет, но Србинот, кој од понеделник се враќа на првото место на АТП листата по пауза од две години, беше постабилниот тенисер во остатокот од мечот, стигнувајќи до импресивна победа. Ѓоковиќ се врати од брејк негатива во последниот сет за да ја обезбеди својата 21. победа во низа.
#Cilic with the early break in the final set. #Djokovic gives his racket the treatment.
2-1.
Bet in-play and stream live at https://t.co/vB1emJKgHI
(geo-restrictions apply) Customers must have funded account or placed bet within the last 24 hrs pic.twitter.com/Or4pk4CvEt
— Live Tennis (@livetennis) November 2, 2018
Претходно, Доминик Тим и Карен Хачанов го комплетираа второто полуфинале во Берси. Тим го совлада актуелниот шампион, Американецот Џек Сок, додека Хачанов, кој претходно спаси две меч топки да го елиминира Џон Изнер, го декласираше Александер Зверев.
Тим се враќаше од сет-негатива за 4:6/6:4/6:4 победа над Сок за да продолжи со обидот да се пласира трета година едноподруго на АТП финалето, за што му е потребна победа во полуфиналето.
22-годишниот Хачанов пак, го „здроби“ Зверев со 6:1/6:2, користејќи ги проблемите на Германецот со рамото за да направи шест брејка во 70 минути игра и второ Мастерс полуфинале по тоа во Торонто. Иако двајцата се добри пријатели надвор од теренот, Зверев реагираше луто кога некој од боксот на Русинот славеше по првиот сет.
„Кога ќе губиш, малку си фрустриран и лесно избувнуваш. Сепак, двајцата сме пријатели и нема проблеми меѓу нас“, вели Хачанов.