Top Sport

Ѓоковиќ: Со неколку килограми вишок ќе бидам подготвен и за сумо (видео)

Новак Ѓоковиќ можеби е еден од најдобро физички подготвените спортисти на светот, но признава дека за влез во сумо рингот ќе му биде потребно да стави „неколку килограми“.

32-годишниот светски рекет број 1 е во Токио, каде што ќе игра на Јапонија опен, и беше специјален гостин на дохијо, или сумо ринг за утрински тренинг, по што неуспешно се обиде да истурка еден од сумо борачите.

„Мислам дека не сум во доволно добра форма за сумо. Со малку екстра килограми можеби ќе бидам подобар. Тројно повеќе од сега, на пример. Импресивно беше да се види колку се флексибилни, бидејќи си мислев дека ова е тешкашки спорт“, изјави Ѓоковиќ.

Scroll to Top