Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со триумф на егзибицијата во Абу Даби ја започна новата сезона. Во финалето на Мубадала турнирот, Ѓоковиќ го победи Кевин Андерсон 4.6, 7:5, 7:5.
На стартот на новата сезона, на турнир кој е неофицијален, Ѓоковиќ и Андерсон одиграа исклучително квалитетен меч, кој за нешто повеќе од два часа му припадна на Србинот.
Ѓоковиќ со оваа победа им испрати јасна порака на ривалите дека има високи цели во 2019 година.
Официјалниот дел од новата сезона Ѓоковиќ ќе го започне на турнирот во Доха.